стихотворба | ж.
Помала поетска творба во стихови, песна. Ученичка стихотворба.
стихотворен | прид.
Што се однесува на стихотворба и на стихотворство.
стихотворење | ср.
стихотворец | м.
Тој што твори во стихови.
стихотворство | ср.
Творење стихови.
стихуван | прид.
Што е во стихови. Стихуван текст.
стиши | св.
стјуард | м.
Вработен во бродска или авиокомпанија што се грижи за потребите на патниците.
сто | бр.
Бројот и количеството 100. Сто денари. Сто примероци од книгата. Сто рала чевли.
сто- | претс.
Како прв дел од сложени зборови со значење многу од тоа што е во вториот дел од сложенката: стоглав, стогодишен, стопроцентен и др.