Стоби | м.
Древен град во Македонија, во близина на Градско.
стовари | св.
Истовари, растовари.
стовариште | ср.
Место за складирање и чување стока; магацин. Стовариште за дрва.
стовариштен | прид.
Што се однесува на стовариште. Стоваришен простор.
стог | м.
Куп сено наредено едно врз друго, најчесто околу едно големо дрво; копа. Ливадите беа покосени, стоговите се златеа на предвечерното сонце. Кубе сено од стогот за стоката.
стоглав | прид.
Што има сто глави. Стоглава ламја. Стоглава змија.
Стогово | ср.
Планина во Македонија.
стогодишен | прид.
Што има сто години. Стогодишен старец. Стогодишна топола. Стогодишни стебла.
стогодишник | м.
Човек што има сто години. Жилав стогодишник.
стогодишнина | ж.
Годишнина од настан што се случил пред сто години. Стогодишнина од раѓањето на поетот.