тампон | м.

Топче од стерилизирана вата или газа што се употребува за запирање на крвавење, за извлекување секрет и сл.

тампонира | св. и несв.

Затне, затнува, затвори, затвора притисне, притиска. Општината го тампонира стариот пат.

там-там | м.

Традиционален музички инструмент, вид тапан кај црнечките племиња во Африка, кај Индијанците.

таму | прил.

На едно определено место, на тоа место за коешто се зборува. Полека, пипајќи, оди до прозорецот и таму застанува. Таму во градот, играте ли карти? Таму се најдовме, на автобуската станица.

тананика | несв.

Потпевнува, прави та-на-на. Оди по патот и тананика некоја песна.

Тангањика | ж.

Езеро во Африка.

тангента | ж.

(мат.) Права линија што се допира на крива линија во една точка.

тангентен | прид.

Што се однесува на тангента, што е образуван од тангенти. Тангентно правило. Тангентно рамниште.

тангира | несв.

Допира, засега некого, се однесува на некого или на нешто. Тоа прашање го тангира. Тебе тоа да не те тангира.