тамам | прил.
Токму, точно по мера, по големина. Чевлите ми се тамам.
тамани | несв.
Уништува со убивање, ловење и сл.; истребува. Норовите ја таманат плашицата.
тамариска | ж.
Вид украсно растение; Tamarix.
тамбур | м.
Тапан, барабан.
тамбура | ж.
Ориентален, жичен музички инструмент на кој се свири со перце.
тамбураш | м.
Свирач на тамбура.
тамбурина | ж.
Дајре.
тамина | прил.
Приближно, одоко. Еве што зајре зедов по тамина, оти не ми нарача што да земам.
тамо | прил.
тамошен | прил.
Што се наоѓа, што потекнува или што е поврзан со тоа место, со тој крај за којшто се зборува. Тамошното население. Тамошниот учител. Тамошната печатница. Во тамошните дуќани можеш да најдеш што ќе посакаш.