тантелен | прид.
Што е од тантела. Тантелена облека. Тантелени завеси.
тантелест | прид.
тантиема | ж.
Процент од чистата добивка што во банкарски, трговски и др. претпријатија ја добиваат членовите на управниот или надзорниот одбор.
тантур | м.
танур | м.
танц | м.
Изведба на различни фигури со ритмичко движење на телото како дел од уметноста. Историја на танцот.
танц-мајстор | м.
Учител по танцување.
танцов | прид.
Што се однесува на танц, што е поврзан со танц. Танцови мелодии. Танцова школа.
танцува | несв.
Игра, изведува танц. Тие танцуваа по тактот на тангото.
танцувач | м.
Тој што танцува; тој што умее да танцува.