танчар | м.
Тој што го води орото, ороводец.
танчи | несв.
Прави танок, истанчува. Тој го танчи сечилото.
тап | прид.
Што не е остар, што не сече добро. Тап нож. Тап брич.
тапа | ж.
Парче плута за затнување шише; затка. Ја извади тапата од шишето и фати да пие.
тапан | м.
Ударен музички инструмент во форма на голем шуплив цилиндар со оптегната кожа на едната или на двете страни; барабан. Цела ноќ удираа тапани и свиреа зурли.
тапанар | м.
Тој што бие, удира на тапан; музичар што бие на тапан. Тапанарот силно удираше на тапанот.
тапанче | ср.
Дем. од тапан.
тапанџија | м.
тапацир | м.
Ткаенина, кожа, скај и сл. со кои се обложуваат делови од мебелот (стол, кауч и сл.). Столови со тапацир. Врати со тапацир. Ќе го сменам тапацирот на каучот.
тапацира | св. и несв.
Обложи, обложува со ткаенина, кожа и сл. дел од мебелот; тапетира.