текар | прил.
Повторно, пак, одново.
теке | ср.
Духовен дом во кој дервишите ги вршат своите верски обреди.
теќе | ср.
теќе | ср.
Молитвен дом на дервиши во кој престојуваат и вршат верски обреди.
текија | ж.
теклиф | м.
Повик. Стори теклиф и тие дојдоа.
теклифи | св.
Повика. Го теклифил да одат на пазар.
текне | ср.
Корито, обично за месење леб.
текне | св.
Се сети, се присети на нешто подзаборавено. Дури сега му текна дека го остави вратничето отворено. Го знаеш сигурно, туку сега не може да ти текне. Така ми текна за животот мој и ми се разжали душата.
текнеж | м.
Желба, барање, каприц. Таа имаше несфатливи текнежи.