вратар | м.
Лице што го следи, го контролира влезот во зградата или во определен простор. Вратар во претпријатието.
вратен | прид.
Што припаѓа, што се однесува на врат. Вратни жили. Вратен прешлен.
врати | св.
Даде назад нешто што е земено, грабнато. Врати заем. Врати пари. Врати долг. Ни го врати тоа што е наше.
вратика | ж.
Мирислива полска зелјеста билка со жолт цвет; Tanacetum vulgare. Моми и невести оделе низ ливаѓе да берат вратика.
вратилиште | ср.
Збиралиште.
вратило | ср.
Дрвен валјак на разбојот околу кој се витка преѓа, кросно.
вратка | ж.
Возврат за нешто. Сакам насмевка да им подарам како вратка за она најскапото. Ова ти е вратка за сите навреди.
вратлика | ж.
вратло | м.
Тој што има дебел врат.
вратник | м.
Составен дел од рамката на вратата или целата рамка. Фенерот закачен на вратникот фрлаше светлина.