врапит | прид.

Што е остар, брз, пргав. Имаше врапит поглед. Беше врапит во движењата.

врапчар | м.

Лице што фаќа врапци.

врапчарник | м.

Место каде што се собираат врапци. Старата леска прилегаше на врапчарник.

врасне | св.

Со растење продре, навлезе во нешто. Корените враснале длабоко во почвата.

врат | м.

(анат.) Дел од телото кај човекот и животните што ја поврзува главата со трупот. Таа си играше со свирчето што ѝ висеше на вратот. Гуските ги издолжуваа вратовите.

врата | ж.

Направа што затвора или отвора некој отвор низ кој се влегува и излегува од соба, куќа, двор, градина и др. Потропа на вратата од одајчето. Излегува и ја треснува вратата. Чкртна со вратата. Влезна врата. Еднокрилна врата. Двокрилна врата. Споредна врата.