гаќарка | ж.
Вид кокошка со долги пердуви на нозете.
гаќарко | м.
Човек облечен само во гаќи. Летно време сите беа гаќарковци.
гаќат | прид.
гаќерест | прид.
гаќест | прид.
гаќешко | м.
гаќи | и.
Долна облека, обично од памук, за долниот дел од телото, со или без ногавици. Човекот на себе имаше само кошула, гаќи и нови опинци.
гаќник | м.
Врвка за врзување гаќи; учкур. Гаќникот постојано му се одврзуваше.
Гвадалупе | м.
Француски островски архипелаг во Карипско Море.
Гватемала | ж.
Држава во Средна Америка.