гајдаџика | ж.
гајдаџија.
гајдаџија | м.
Свирач на гајда. Гајдаџиите го расположија народот.
гајле | ср.
Грижа. Си има човекот гајле.
гајрет | м.
Помош, поддршка, услужност. Гајрет не му треба, само одмена и разговор.
гајтан | м.
Сплетена врвка што се шие како украс по рабовите на облеката; ширит. Жената носеше шајачен елек чии рабови беа опшиени со црвен гајтан.
гајтанлија | прид.
Опшиен со гајтан. Елек гајтанлија.
гајтанџилак | м.
Дејност на изработување гајтани. Тој цел живот се занимаваше со гајтанџилак.
гајтанџија | м.
Изработувач на гајтани. Татко му го научи на занаетот и сега работи гајтанџија.
гаќар | м.
Вид гулаб со долги пердуви на нозете во вид на гаќи.
гаќарест | прид.
За гулаб, за кокошка и сл. – што е со долги пердуви на нозете. Главата ја имаше кренато невообичаено високо како гаќарест петел.