Глазгов | м.
Град во Шкотска, Велика Британија.
глазира | св. и несв.
Премачка, премачкува со глазура. Фасадата на куќата ја глазира секоја пролет.
глазура | ж.
Слој од сјајна смеса со кој се премачкуваат определени предмети заради поголема цврстина, непропустливост или сјај. Керамичките садови имаа сјајна глазура.
гламна 1 | ж.
Големо парче недогорено дрво. По обредот луѓето собирале изгорени гламни или јагленчиња и ги носеле дома.
гламна 2 | ж.
гламница | ж.
Вид болест кај житата при што тие или изумираат или заостануваат во натамошниот раст; Ustilago и Tilletia levis.
гламновица | ж.
Голема гламна, недогорена цепеница.
гламноса | св.
Изгори, поцрни. Гламносаа гредите во куќата.
гламносан | прид.
Што е изгорен, поцрнет. Гламносана куќа.
глас | м.
а) Звук што се создава во грлото со помош на гласилките при зборување, при пеење и сл. Силен глас. б) (лингв.) Најмал елемент на јазикот – согласка, самогласка.