гласа | несв.

Се изјаснува за определено политичко, државно или административно прашање со кревање рака или по писмен пат. Гласај така како совеста што ти наложува, а не против!

гласач | м.

Лице што гласа, што има право на глас. Гласачите масовно се упатија кон гласачките места.

гласеж | м.

Изговор на определени гласови. Гласежот на ќ, ѓ треба да се бара меѓу гласежот на смекнатите к, г и...

гласен | прид.

Што може да се чуе; чуен, звучен. Гласните разговори доаѓаа од улицата.

гласи 1 | несв.

Штима инструмент. Маестрото ја гласеше виолината.

гласи 2 | несв.

Пушта глас. Гласеше песната на сватовите.

гласи 3 | несв.

Соопштува, значи, звучи, содржи, изгледа некако. Во старата верзија ова место гласи вака...

гласилка | ж.

Дел од говорниот апарат; гласни жици. Нешто ме стегна во гркланов, ми ги вклешти гласилките.

гласит | прид.

гласник | м.

Известувач, пренесувач на гласови, на вести. Преку гласник било известено дека жена му родила две дечиња.