големство | ср.

Висока општествена положба. Не му значеше многу да дојде до некое големство во животот.

Голешница | ж.

Планина во Македонија.

голи | несв.

Прави нешто или некого гол, соголува. А, ти си еден од оние што ја голеа шумата.

голина | ж.

Голо, соголено место. Далеку напред, каде што голината на сртот свива надолу, почнаа да никнуваат луѓе.

голич | м.

Сиромашен, беден човек; голтар. Сите полјаци голичи биле, а бегови станале.

голиштарец | м.

Пиле без пердуви. Седелото беше полно со пилиња голиштарци.

голман | м.

Играч што го брани голот.

голобрад | прид.

Што е без брада.