дарбука | ж.

Арапски музички ударен инструмент од печена глина во вид на широко грне со оптегната кожа на отворот.

дарвинизам | м.

Учење на англискиот природонаучник Дарвин за развојот на растителниот и на животинскиот свет.

дарвинист | м.

Приврзаник на Дарвиновата теорија.

дарвинистички | прид.

Што припаѓа, што се однесува на дарвинист и на дарвини

Дарданели | и.

Морски проток помеѓу Егејско и Мраморно Море.

Дарданија | ж.

Древна област на Балканскиот Полуостров.

дарежлив | прид.

Што лесно дава, што сака да подарува. Дарежлив селанец. Дарежлив вујко.

дари | св.

дарина | ж.

Голема бела крпа извезена по аглите. Пушти ја на золвата дарината, прати ја на свекорот кошулата.