дарител | м.
Лице што дава нешто на дар, тој што дарува. Дарител на манастир.
дарлија | прид.
дармадана | ж.
Неред, безредие, расфрленост, растуреност. Отиде во килерот и таму направи дармадана. Косите ѝ ги направи дармадана.
дармар | м.
Неред, безредие, метеж. Се разлути и направи дармар.
Дарна | ж.
Река во Индија.
даровен | прид.
Што е наменет за дарување; Зошто ми, зошто остана кошула недоткаена? Кошула беше даровна.
даровина | ж.
Дарови што ѝ ги носат сватовите на невестата.
даровит | прид.
Што е надарен, талентиран. Даровито дете. Даровит автор.
даровка | ж.
Крпа, марама и сл. за дарување. Невестата ги подели даровките на сватовите.
даровница | ж.
Писмен документ, акт со кој нешто се подарува. Добиле даровница од кралот. Ти писару, даровница ќе стокмиш.