дародавец | м.
дарпна | ж.
Женска ленена везена шамија за на глава. На орото се гледаше белата дарпна на свекрвата. Да не ја исцрниш дарпната.
дартма | ж.
Крпа за бришење.
дарува | св. и несв.
Даде, дава некому нешто на дар, подари, подарува. Ги дарува месариите. Детето го даруваа за донесената вест.
даруван | прид.
надарен.
дарувач | м.
Дарфур | м.
Регион во Северна Африка, отцепен од Судан.
дарчин | м.
дарчок | м.
даскал | м.
Учител. (арх.) Се врати дома за да биде даскал. Даскалот ги учеше селските деца.