даскалак | м.

Учителство, учителствување. Си го зеде старото место – даскалакот.

даскалува | несв.

Работи како даскал, учителствува.

датив | м.

Падеж што означува намена, што упатува на индиректен предмет.

дативен | прид.

Што се однесува на датив.

датира | св. и несв.

Определи, определува датум на настанувањето на некое дело, факт и сл. во минатото. Како треба да се датира Евангелието? Зборникот го датираат од четиринаесеттиот век.

датум | м.

Точно календарско време (ден, месец, година) на некој настан. На кој датум си роден?

Даутица | ж.

Планина во Македонија.

дафина | ж.

Зелено ниско украсно дрво со ароматични листови што се употребуваат како зачин; лавор, ловор; лорбер; Laurus nobilis.

дафинов | прид.

Што е од дафина., што се однесува на дафина. Дафиново дрво. Дафинов лист.