дајре | ср.

Ориентален музички инструмент во облик на обрач со затегната кожа од едната страна и со тркалезни метални плочки што ѕвечкаат при удирање. Се слушаа звуците од тамбурата, ударите по дајрињата и маалските љубовни песни. Лазарката се крши со дајрето. Две мечки играа по тактот на дајрето.

дајреџија | м.

Лице што тропа на дајре. Дајреџијата удираше во дајрето.

два | бр.

Основен број поголем за една единица од еден; се бележи со бројката „2“.

дваесет | бр.

Основен број, двапати поголем од десет; се бележи со бројката 20. Сто и дваесет, дваесет и еден, дваесет и први, дваесет и петгодишен.

дваесет- | претс.

Прв дел од сложени придавки и именки кој покажува дека од тоа што го означува основата во другиот дел од сложенката има дваесет: дваесетгодишен, дваесетгодишник, дваесетгодишнина.

дваесетина | бр.

Околу дваесет. Се немаа видено дваесетина години. Се собраа дваесетина селани.

дваесетка | ж.

Тоа што е означено со бројот дваесет (зграда, автобус и др.).

дваесетмина | бр.

Дваесет луѓе. Испитот го положија дваесетмина.

дваесетти | бр.

Бројна придавка од дваесет. Дваесетти век.

дваесеттина | ж.

Дваесетти дел од нешто.