двојанка | ж.

Двоколка. Не крцкај, двојанко, доцна низ полето! Во двојанката се возат старец и девојка.

двојка | ж.

Бројот два; тоа што е со него означено (училишна оценка, автобус и др.). Доби двојка по историја. Се вози со двојка до работа.

двојник | м.

Човек што во сѐ е сличен или ист со друг човек. Секој си има свој двојник.

двојно | прил.

Уште еднаш толку, двапати повеќе.

двојствен | прид.

Што се пројавува на два начина, во две страни, што е од два вида. Двојствен карактер.

двојство | ср.

Неделиво единство, здруженост на две нешта.

де | изв.

За поттик, за охрабрување. Де излези, де излези! Де стани од креветот!

де | чест.

За засилување на искажување покана или заповед. Седни де, не стој пред мене! Почни де!

де- | претс.

Префикс што значи: отстранување, прекинување, обратно или спротивно дејство од она што означува основниот збор. Деактивира, деградација, децентрализација, демобилизира.

де...де | сврз.

За поврзување разделни реченици за наизменично вршење на дејството; Де беа закарани де се миреа.