девесница | ж.

Стара мома, немажена. Може сама да овене дома како стара мома девесница.

девет | бр.

Основен број поголем со една единица од осум, кој се бележи со бројката 9.

девет- | претс.

Прв дел од сложени придавки и именки кој покажува дека од тоа што го означува основата во другиот дел од сложенката има девет: деветгодишен, деветмесечен, деветпроцентен.

деветини | и.

Во изразот: бабини деветини – празни приказни, измислици, бесмислици. Стар си, а бабини деветини расправаш.

деветка | ж.

Бројката 9.

деветмина | бр.

Девет луѓе. Деветмина мајстори.

деветнаесет | бр.

Основен број за девет единици поголем од десет; се бележи со бројката 19.

деветнаесетмина | бр.

Деветнаесет луѓе. Деветнаесетмина војници.

деветнаесетти | бр.

Бројна придавка од деветнаесет.

деветорен | прид.

Што е изобилен, многу голем. Деветорен приход. Деветорен род.