деветстотен | бр.
Бројна придавка од деветстотини.
деветстоти | бр.
Бројна придавка од деветстотини.
деветстотини | бр.
Основен број за сто помал од илјада; се бележи со бројката 900.
деветти | бр.
Бројна придавка од девет. Деветти јануари.
девиза | ж.
Карактеристична, добро изразена мисла што служи како раководечки принцип; парола, гесло. Неговата девиза е: секоја грешка мора да се плати. Мојата девиза е проста: гледај да се снајдеш.
девизен | прид.
Што се однесува на девизи. Девизна сметка. Девизна берза. Девизни приходи.
девизи | и.
Платежни средства издадени во странска валута што се користат обично за плаќање во странство.
девица | ж.
Девојка што немала сексуални односи; невина девојка, девственица. Не знаеја дали се омажила или е останата девица. Витезите скитници го сметале за свој долг да ги заштитуваат девиците.
девијантен | прид.
Што се однесува на девијација. Девијантна појава. Девијантно однесување.
девијација | ж.
(физ.) Поместување на некое тело од правецот на движење под влијание на нешто. Кај електричниот компас нема девијации.