деец | м.

Истакнат јавен, општествен работник. Општествен деец. Културни дејци. Револуционерни дејци.

дежура | несв.

По распоред, надвор од редовното работно време, надгледува, бдее над некого или над нешто во определен временски период. Останав надвор да дежурам.

дежурен | прид.

Што е определен да дежура. Дежурен лекар. Дежурен службеник. Дежурна аптека.

дежурство | ср.

Работна обврска, должност на тој што дежура. Тој беше на ноќно дежурство. Треба да го укинам дежурството. Се воведоа постојани дежурства.

дезавуира | св. и несв.

Одрече, одрекува, оспори, оспорува, не признае, не признава нешто, нечие тврдење, искажување.

дезен | м.

Украсна шара на текстил. Носеше фустан со цветен дезен.

дезенира | св. и несв.

Изработи, изработува во некој дезен.

дезертер | м.

Тој што избегал од војска, што самоволно го напуштил служењето на воената обврска. Беше стрелан како воен дезертер. На четните списоци се водеа како дезертери.

дезертерство | ср.

Бегство од војска. Тој беше обвинет за дезертерство.

дезертира | св. и несв.

Побегне, бега од војска, своеволно напушти, напушта служење на воена обврска, воена позиција, фронт и сл. Тие мислеа дека дезертирам и пукаа по мене. Некои дезертираа кога ќе дојдеа во контакт со непријателот.