деградира | св. и несв.
Лиши, лишува некого од определена позиција, врати, враќа на понизок ранг. Командантот го деградирал десетарот на обичен војник. Тој бил деградиран на пониско работно место.
дегустација | ж.
Стручно испитување и оценување на квалитетот на одделни производи: кафе, вино и сл. Беше поканет да учествува во дегустацијата на најдобрите вина.
дегустира | св. и несв.
Изврши, врши дегустација, го определи, го определува квалитетот на некој производ преку сетилото за вкус.
дедин | прид.
Што припаѓа на дедо. Дедино палто. Дедово луле
дедо | м.
Татко на еден од родителите. Тој беше плукнат дедо му. Го замоли деда си да му каже приказна.
дедовина | ж.
Имот наследен од дедо, прадедо. Нема да дозволам да се дели нашата дедовина. Полето не е моја дедовина.
дедовски | прид.
Што се однесува на дедо, што му припаѓа на дедо; дедо 1, 2 и 3. Дедовска нежност. Дедовски приказни.
дедуктивен | прид.
Што е добиен со дедукција, што се заснова на дедукција; спрот: индуктивен. Дедуктивен начин. Дедуктивна постапка.
дедукција | ж.
Изведување на посебното од општото, изведување на поединечен заклучок врз основа на нешто цело, општо; спрот: индукција. Сите облици на општествената свест, во принцип, се подложни на дедукција.
дедуцира | св. и несв.
Изведе, изведува суд преку дедукција.