дезинсекција | ж.
Механичко, физичко или хемиско уништување на штетни инсекти.
дезинтеграција | ж.
Разделување, разединување, распаѓање на определена целина на делови. Тоа води кон дезинтеграција на човековото телесно постоење.
дезинтегрира | св. и несв.
Изврши, врши дезинтеграција.
дезинтересира се | св. и несв.
Изгуби, губи интерес, престане да се грижи за некого или за нешто. Тие не би требало да се дезинтересираат за одделни прашања.
дезинфекционен | прид.
дезинфекција | ж.
Уништување на заразни бактерии, чистење на заразени места, предмети и сл. по хемиски пат. Дезинфекцијата на водата се врши заради чистење од инфективен материјал.
дезинфицира | св. и несв.
Изврши, извршува дезинфекција. Лекарот ја дезинфицира раната со алкохол.
дезинформација | ж.
Лажно, погрешно, неточно (најчесто злонамерно) известување, пренесување информации. Во текстот се провлекла и една дезинформација. Тоа се невистини и дезинформации од одделни поединци.
дезинформира | св. и несв.
Даде, дава неточна информација, лажно или погрешно извести, известува за нешто. Тие беа заведени и дезинформирани.
дезорганизација | ж.
Лоша организираност, нарушување на организацијата, на редот; безредие, хаос. Смената на директорот предизвика дезорганизација во фирмата.