деветмина | бр.
Девет луѓе. Деветмина мајстори.
деветнаесет | бр.
Основен број за девет единици поголем од десет; се бележи со бројката 19.
деветнаесетмина | бр.
Деветнаесет луѓе. Деветнаесетмина војници.
деветнаесетти | бр.
Бројна придавка од деветнаесет.
деветорен | прид.
Што е изобилен, многу голем. Деветорен приход. Деветорен род.
деветстотен | бр.
Бројна придавка од деветстотини.
деветстоти | бр.
Бројна придавка од деветстотини.
деветстотини | бр.
Основен број за сто помал од илјада; се бележи со бројката 900.
деветти | бр.
Бројна придавка од девет. Деветти јануари.
девиза | ж.
Карактеристична, добро изразена мисла што служи како раководечки принцип; парола, гесло. Неговата девиза е: секоја грешка мора да се плати. Мојата девиза е проста: гледај да се снајдеш.