декоратер | м.

Лице што изработува украси, што украсува нешто. Тој работеше како работник декоратер

декоративен | прид.

Што се однесува на декор. Декоративна уметност.

декорација | ж.

Украсеност, накитеност. Таванска декорација.

декорира | св. и несв.

Направи, прави декорација. Целиот простор го декорирал беспрекорно.

декрет | м.

Писмена наредба, одлука или указ што има законска сила. Обичајот бил озаконет со султански декрет.

дел | м.

Тоа што е помало од целината, што претставува нејзин составен елемент, член. Дел од географска карта. Еден дел од селаните се вратија назад.

дела | несв.

деланка | ж.

Тенко парче, треска што паѓа при сечење на дрво. Една деланка го удри по окото. Отиде надвор и зеде деланки да го распали огнот.

делач | м.

Тој што дели (карти, јадење и сл.). На делачот оптегачот!