делничар | м.
Тој што има дел од заеднички имот, од заедничко наследство.
делничен | прид.
Што се однесува на делник. Делничен ден. Делнична ноќ. Делнично утро. Делнично попладне. Делнично будење на градот.
делнички | прил.
Во работен ден. Делнички се облекол.
дело | ср.
Резултат, производ од работа. Дело на вредни раце.
деловен | прид.
Што е во врска со работата. Деловен пријател. Деловен договор. Деловен разговор.
деловник | м.
Збир прописи за начинот на водење на работата (на седница на собрание, на комисија итн. Деловник за работа.
деловоден | прид.
Што е службено запишан. Деловодна книга.
деловодител | м.
Лице што води службени книги и документи. Општински деловодител.
делокруг | м.
Подрачје на некоја дејност.
делотворен | прид.
Што предизвикува добро дејство; успешен, ефикасен. Делотворна работа. Делотворна функција. Делотворно влијание. Делотворни сили.