деноноќен | прид.
Што се случува непрекинато и дење и ноќе, што се однесува на деноноќие; постојан. Деноноќни дежурства. Деноноќни смени.
деноноќие | ср.
Време, период од дваесет и четири часа, од ден и ноќ. Неколку деноноќија. Две цели деноноќија. Зимски деноноќија.
денски | прид.
Што се однесува на ден. Денска светлина. Ноќни и денски смени.
дента | прил.
Тој ден во минатото. Дента напаѓа снег. Го виде дента.
дентист | м.
Заболекар.
денува | несв.
Го минува денот. Денува и ноќева кај тетка му. Ќе денува в планина. Ден денува.
денчок | м.
депанданс | м.
Помошна, споредна зграда, обично на некој јавен објект (хотел, болница и сл.). Изградија хотели и депанданси.
департман | м.
Административно-територијална единица во некои земји; област, околија. Направен е пустош во четиринаесет департмани.
депеша | ж.
Вест доставена на најбрз можен начин; телеграма. Уште утре да му напишете депеша на синот да дојде. Диктирав депеши.