депилатор | м.
Средство за отстранување влакна. Електричен депилатор.
депилација | ж.
Отстранување влакна од телото. Крем за депилација.
депилира | св. и несв.
Отстрани, отстранува влакна од телото со посебни средства и постапка за тоа. Ги депилира целите нозе на козметичар.
депласира | св. и несв.
Премести, преместува, отстрани, отстранува некого или нешто, смени, сменува некого или нешто од положбата. Ги депласира фактите.
депласиран | прид.
Неумесен, погрешно или лошо поставен. Депласирана дискусија.
депо | ср.
Стовариште, магацин за стока.
депозит | м.
Пари, накит, документи и др. вредни предмети оставени на чување најчесто во банка.
депозитен | прид.
Што се однесува на депозит. Депозитна банка. Депозитни пари.
депонент | м.
Тој што депонира нешто в банка, вложувач (на пари).
депонира | св. и несв.
Остави, остава на чување; вложи, вложува пари и др. во банка. Депонира документи.