дендролог | м.
Лице што професионално се занимава со проучување на дрвјата и на нивните особини, специјалист по дендрологија.
дендрологија | ж.
Наука што ги проучува дрвјата и нивните особини, нивната морфологија и биологија.
дене | несв.
Вовира (обично) конец во игла. Го денеше, го денеше и одвај го дена конецот.
денес | прил.
Овој ден, денешниов ден. Денес е четврток. Учителот праша кој е отсутен денес.
денешница | ж.
Сегашност. Денешницава е тешка за секого. Чувствителен човек тешко се снаоѓа во денешницава.
дени | м.
Стоти дел од денарот. Педесет дени.
дени се | несв.
денк 1 | м.
Количество од предмети, од материјали или од стока врзана, завиткана, спакувана и сл.; пакет, врзоп, сноп. Денкови со рогозина. За секој денк треба да се плати по пет пари. Има педесет денкови со памук.
денк 2 | м.
Стара мера за тежина, една четвртина од драмот. Златарите го мереле златото со драмови, денки на прецизни терезии.
деновиште | ср.
Место каде што војниците и ајдуците го минувале денот (обично во шума близу до некој извор); На деновиште се одмораме, го чистиме оружјето. Ги знаеше ајдучките деновишта, ги знаеше и нивните зимовишта.