дерач | м.

Тој што дере кожа на животни, на добиток. Дерач на пцовисан добиток.

дерби | ср.

Главен решавачки натпревар. Ќе се игра дерби во Скопје.

дервен | м.

Клисура, планински теснец.

дервенџија | м.

Чувар на дервен, на клисура.

дервиш | м.

Монах, калуѓер кај муслиманите. Бестрашен дервиш. Рамазански дервиши.

дере | несв.

Симнува кожа од животно. Дереше вол. Дере јаре.

дереџе | ср.

Положба, состојба (обично неподнослива, тешка). Видете до кое дереџе дошол.

дериват | м.

Тоа што е изведено, што произлегува од нешто, производ од нешто.

дерле | ср.

Пејор. за дете, детиште, што многу се дере, што плаче.

дерман | м.

Спас, средство за одбрана, лек, мир. Има ли дерман за него? Немам дерман од тебе. Ми дојде дерманот.