демонстрира | св. и несв.
Земе учество, учествува во демонстрација, јавно го покаже, го покажува своето незадоволство кон некого или нешто. Демонстрантите демонстрираа пред владата.
демонтажа | ж.
Расклопување, разглобување на составните делови; Монтажата и демонтажата на бараката не е лесна работа.
демонтира | св. и несв.
Разглоби, разглобува на составни делови (машина, уред, предмет и сл.), врши, изврши демонтажа. Немавме време да ја демонтираме радиостаницата.
деморализација | ж.
Опаѓање, ослабување на моралот; изопаченост, расипаност. Во нашава средина владее деморализација.
деморализира | св. и несв.
Направи, прави некого малодушен, предизвика, предизвикува губење на самодоверба. Ги деморализира младите. Црквата им служи како орудие на разните пропаганди и тоа го деморализира населението.
ден | м.
Времето од изгревање до заоѓање на сонцето; ноќ. Вчерашен ден. Долг ден. Зимски ден. Работи по цел ден. Работен ден.
денар | м.
Основна парична единица во Република Северна Македонија. Десет денари. Сто денари.
денатурира | св. и несв.
Со додавање некоја супстанција, лиши, лишува од природните својства некоја материја, ја направи, ја прави неупотреблива за јадење или за пиење (за човекот).
денационализација | ж.
Однародување. Се вршела денационализација на македонскиот народ.
денационализира | св. и несв.
Насилно лиши, лишува некој народ од неговите особини, претопи, претопува во друга нација. Го денационализирале македонското население.