дестилационен | прид.

Што се однесува на дестилација. Дестилационен процес.

дестилација | ж.

Прочистување на течност со загревање до вриење и претворање во пареа, па потоа ладење и повторно претворање во течност. Процес на дестилација. Дестилација на камениот јаглен.

дестилира | св. и несв.

Изврши, врши дестилација.

дестимулација | ж.

Отсуство, немање на стимулација, дестимулирање.

дестимулира | св. и несв.

Лиши, лишува, изгуби, губи стимулација, натера некого да биде незаинтересиран, му ја одземе, одзема волјата за работа.

дестинација | ж.

Крајна цел, одредиште, место до кое се патува. Крајна дестинација.

деструктивен | прид.

Разурнувачки, уништувачки; Деструктивен процес. Деструктивна појава. Деструктивно дејство. Деструктивно влијание. Деструктивни сили.

деструкција | ж.

Рушење, разурнување, уништување. Тотална деструкција. Се спротивставуваме на сите деструкции.

детален | прид.

Подробен, поединечен, прецизен, исцрпен. Детален план. Детален каталог. Детален опис. Детална разработка. Детални информации.

детализира | св. и несв.

Наведе, наведува нешто до ситници.