деценија | ж.

Период од десет години. Две децении. Следната деценија. Околу една деценија. Петта деценија. Со децении.

децентрализација | ж.

Систем на управување во кој еден дел од функциите на централните органи се пренесуваат на пониските органи; Децентрализација на власта.

децентрализира | св. и несв.

Изврши, извршува, спроведе, спроведува децентрализација, подложи, подложува на децентрализација. Ја децентрализиравме централната власт.

децибел | м.

Десетти дел од белот, единица за мерење на јачината на звукот. Јачината на звукот на тивкото зборување изнесува од 8 до 10 децибели.

дециден | прид.

Што е решителен, строго определен, јасен, недвосмислен. Неговиот одговор беше дециден.

децидира | св. и несв.

Реши, решава; пресуди, пресудува нешто. Го децидира случајот.

децидиран | прид.

Решителен, определен. Децидирана изјава.

децимал | ж.

Кој и да било број, кое и да било бројно место по децималната запирка во декадниот броен систем. Во сметањето нема да ги земеме предвид децималите