дечиња | и.
дечка се | несв.
Се кара, се расправа. Тие се дечкаа цело попладне.
дечко | м.
Момче, потпораснато машко дете. Си станал цел дечко.
Дешат | м.
Планина во Македонија.
дешифрант | м.
Толкувач на шифри, на знаци и на помалку познати ракописи, тој што се занимава со дешифрирање.
дешифрира | св. и несв.
Одгатне, одгатнува, прочита, чита шифра или текст. Дешифрира порака. Дешифрира хиероглифи од стар пергамент. Некои од турските дефтери тешко се дешифрираат.
ди! | изв.
За терање коњ, магаре.
диб | и.
Листови на долниот дел од стеблото на тутунот. Берење на дибот.
дибек | м.
Издлабен сад од камен или (поретко) од дрво вкопан во земја во кој се толчи сол, пипер, кафе и др. Звук од празен дибек.
дибидус | прил.
Сосема, потполно. Дибидус не знае.