децибел | м.

Десетти дел од белот, единица за мерење на јачината на звукот. Јачината на звукот на тивкото зборување изнесува од 8 до 10 децибели.

дециден | прид.

Што е решителен, строго определен, јасен, недвосмислен. Неговиот одговор беше дециден.

децидира | св. и несв.

Реши, решава; пресуди, пресудува нешто. Го децидира случајот.

децидиран | прид.

Решителен, определен. Децидирана изјава.

децимал | ж.

Кој и да било број, кое и да било бројно место по децималната запирка во декадниот броен систем. Во сметањето нема да ги земеме предвид децималите

децимален | прид.

Што се однесува на децимал. Децимален број. Децимална запирка. Децимално место.

дечар | м.

Тој што многу сака деца и умее да се однесува со нив.