дискретен | прид.

Што умее да чува тајна, доверлив, сигурен. Дискретен возач.

дискреција | ж.

Чување доверени тајни, доверливост, сигурност. Во голема дискреција.

дискриминатор | м.

Тој што врши дискриминација.

дискриминација | ж.

Ограничување, оспорување на правата на определена општествена група поради својата расна, етничка, верска или социјална припадност од страна на доминантна општествена група; правна нееднаквост, обесправеност. Расна дискриминација. Јазична дискриминација.

дискурзивен | прид.

Што се изведува со логично мисловно заклучување, логичен; Дискурзивен метод на мислење.

дискурс | м.

Разговор, говор, беседа, излагање.

дискусија | ж.

Расправа, претресување некое спорно прашање со цел да се дојде до правилно решение. Долга дискусија. Јавна дискусија. Прашање за дискусија. Поведе дискусија. Прекина дискусија.

дискутабилен | прид.

Предмет за кој може да се дискутира, за кој има потреба да се расправа, што е недефиниран, неутврден. Дискутабилно прашање. Дискутабилни предлози. Дискутабилна статија.

дискутант | м.

Учесник во дискусија, тој што дискутира.

дискутира | несв.

Учествува во дискусија. Долго дискутираа. Жестоко дискутираа. Живо дискутираше.