дислокација | ж.
(воен.) Разместување, распоредување на воени единици на одредена територија.
дислоцира | св. и несв.
Изврши, врши дислокација.
дисонантен | прид.
Што не е усогласен. Дисонантен звук. Дисонантни ставови.
дисонанција | ж.
(муз.) Неусогласување на тоновите, погрешен акорд.
диспанзер | м.
Здравствена установа за амбулантно лекување и контрола на болните и за спречување на ширење заразни болести. Детски диспанзер. Диспанзер за градни болести.
дисперзивен | прид.
Што има својство на дисперзија, што се распрснува. Дисперзивен тек. Дисперзивно својство.
дисперзија | ж.
Распрснување, растурање. Натамошна дисперзија.
диспечер | м.
Работник што од еден центар ја распределува и ја контролира работата на цел систем во електростопанството, железничкиот сообраќај или во производството.
диспозитив | м.
Дел од решение или пресуда што содржи одлука.
диспозиција | ж.
План, распоред, распределба (на работата). Основна диспозиција.