диспропорција | ж.

Несразмерност, неусогласеност, нееднаквост. Голема диспропорција на цените.

диспут | м.

Спор, полемика, судир на мислења, расправа, дискусија, дебата.

дистанца | ж.

Оддалеченост, растојание од нешто до нешто во просторот и во времето. Просторна дистанца. Временска дистанца. Долгогодишна дистанција. Неопходна дистанца. Од оваа дистанца

дистанцира (се) | св. и несв.

Оддалечи, оддалечува; тргне, тргнува нешто од нешто на некое растојание. Се дистанцира од проблемот. Се дистанцираа од местото на настанот.

дистинктивен | прид.

Што прави, што покажува разлика; разликувачки. Дистинктивно обележје.

дистинкција | ж.

Разликување, разлика. Основна дистинкција. Формална дистинкција. Историска дистинкција. Лингвистичка дистинкција.

дистрибуира | св. и несв.

Изврши, врши дистрибуција.

дистрибутер | м.

Тој што врши распределба на нешто, што врши дистрибуција.

дистрибутивен | прид.

Што се однесува на дистрибуција. Дистрибутивен центар.

дистрибуција | ж.

Распределба, поделба на нешто по делови. Дистрибуција на помош во храна по градови.