диференцираност | ж.

Својство на тоа што е диференцирано, разновидност. Постои формална диференцираност на овие броеви.

диференција | ж.

Разлика, нееднаквост, неизедначеност.

диференцијал | м.

(мат.) Бесконечно мал прираст на променливите величини.

диференцијален | прид.

Што се однесува на диференција. Диференцијални црти. Диференцијална математика.

диференцијација | ж.

Разликување меѓу сродни елементи, раздвојување поради настанати разлики. Социјална диференцијација.

дифтеричен | прид.

Што е заболен од дифтерија; што покажува знаци на заболеност од дифтерија.

дифтерија | ж.

Заразна болест што се карактеризира со воспаление на слузокожата на душникот, грлото и носот и со општа затруеност на организмот.

дифтик | м.

Килимче со реси. Префрли го и врз мене дифтикот, зашто ми замрзнаа плеќиве.

дифтонг | м.

Спој на две различни самогласки кои се изговараат како еден слог.

дифузен | прид.

Што се однесува на дифузија, што е поврзан со дифузија. Дифузна светлина.