дифузија | ж.
(физ.) Навлегување на еден гас во друг или на една течност во друга, спонтано меѓусебно мешање.
дихотомија | ж.
Поделба на две групи, двојство; дуалистичко сфаќање за поделба на поимите (на пр. растенија и животни, тело и душа итн.).
дихтува | несв.
Добро затвора, не пропушта. Прозорците добро дихтуваат.
дише | несв.
Вовлекува воздух во организмот (преку нос или уста) и го испушта од себе, вдишува и издишува. Дишеше длабоко и гледаше во темнината. Тешко дишеше.
дишен | прид.
Што е поврзан со дишењето, што учествува во дишењето. Дишни органи.
дишне | св.
Еднаш вовлече или испушти воздух преку нос или уста; прави едно вдишување или издишување. Чека да се разбуди и да дишне со полни гради чист воздух.
дијабетес | м.
Шеќерна болест.
дијабетичар | м.
Тој што боледува од дијабетес.
дијабетичен | прид.
Што е болен од дијабетес.
дијагноза | ж.
(мед.) Утврдување болест преку преглед на болниот. Постави дијагноза. Точна дијагноза.