дијагностика | ж.

Гранка на медицината што се занимава со методите за поставување дијагноза.

дијагностицира | св. и несв.

Постави, поставува дијагноза кај болен човек врз основа на симптомите на болеста.

дијагностичар | м.

Лекар што ја утврдува болеста, што поставува дијагноза.

дијагонала | ж.

Права линија што поврзува два спротивни агли од правоаголник или два несоседни агли од повеќеаголник.

дијагонален | прид.

Што оди накосо, во правец на дијагоналата. Дијагонални линии.

дијаграм | м.

Графички приказ на определени количества, геометриски цртеж што сликовито прикажува разни бројни односи. Дијаграм на производството во тековната година. Изработка на дијаграм.

дијадема | ж.

Круна. Царска дијадема.

дијакритички | прид.

Графички додаток на буквата со кој се менува или се модификува нејзината гласовна вредност. Дијакритички знак.

дијалект | м.

Говор со свои јазични специфичности, обично во еден крај, во еден реон. Македонски дијалекти. Западномакедонски дијалекти. Ахајски грчки дијалекти.

дијалектен | прид.

Што се однесува, што припаѓа на дијалект. Дијалектна основа. Дијалектна форма. Дијалектна разновидност. Дијалектни особини. Дијалектно влијание.