дијалектизам | зам.
Дијалектна јазична карактеристика. Лексички дијалекти Источномакедонски дијалекти
дијалектика | ж.
Наука за општите закони на движењето и развитокот на природата, на општеството и на човековото мислење, која ги разгледува природните појави во вечно движење и менување.
дијалектичар | м.
Приврзаник на дијалектиката, тој што ја применува дијалектиката, дијалектичкиот метод.
дијалектичен | прид.
Својствен на, заснован врз дијалектиката.
дијалектолог | м.
Тој што се занимава со дијалектологија.
дијалектологија | ж.
Наука што се занимава со проучување на јазичните карактеристики на дијалектите. Македонска дијалектологија. Историска дијалектологија.
дијализа | ж.
Одвојување на слузести материи при осмозата; разлачување.
дијалог | м.
Разговор меѓу двајца. Дијалог меѓу момата и војводата. Води дијалог. Отворен, искрен дијалог. Прекине дијалог.
дијамант | м.
Скапоцен камен, најтврд и најчист вид кристализиран јаглерод. Прстен со дијамант.
дијаметар | м.
Пречник, права линија што минува низ центарот на кругот и го дели на две еднакви половини.