дијаметрален | прид.

Што се однесува на дијаметар.

дијанија | ж.

Суштество. Ноќе нема жива дијанија. Од огин бега ѕверка и секоја дијанија.

дијапазон | м.

(муз.) Опсег, обем од најнискиот до највисокиот тон на некој инструмент или на некој глас. Пејач со широк дијапазон.

дијапозитив | м.

Фотографски позитивна слика изработена на проѕирна материја (стакло, целулоид и др.). Стаклени дијапозитиви. Мал оглас отпечатен во дијапозитив.

Дијарбекир | м.

Град во Турција.

дијареја | ж.

Пролив.

дијаспора | и.

Растуреност низ светот на некои народи што немаат своја земја (Ромите и др.).

дијафилм | ж.

Слики снимени на филмска лента што се прикажуваат последователно и што се поврзани со една тема. Постојат дијафилмови во кои содржината се изразува само со визуелните елементи.

дијафрагма | ж.

(анат.) Мускулна преграда меѓу градната и мускулната празнина. Почувствува болка над дијафрагмата.

дијахронија | ж.

Случување на некои појави во различно време.