диња | ж.
Едногодишно растение и неговиот плод, месест и сочен со сладок вкус; Cucumis melo. Жолта диња. Мирис на диња. Диња и лубеница.
длабач | м.
Вид алатка која служи за длабење, резбарење.
длаби | несв.
Прави длабнатина во нешто. Тој полека длабеше со длетото.
длабина | ж.
Растојание од површината, од врвот на нешто до дното; длабочина; висина, височина. Долу во длабините на кладенецот тропотливо одѕвонуваа камењата.
длабиномер | м.
Направа за мерење на длабочината.
длабнат | прид.
Издлабен, вдлабен.
длабнатина | ж.
Вдлабено место, отвор, јама. Се слизна од коњот во една длабнатина на голата земја. Најде една длабнатина во ѕидот.
длабне | св.
длабок | прид.
Што има дно на голема оддалеченост од површината или од отворот; плиток. Длабок бунар. Длабоко езеро. Длабока дупка.
длабоко | прил.
Во длабочина; плитко. а) Во вертикален правец. Тонеа длабоко над колениците во мекиот снег. б) Во хоризонтален правец, во далечина. Длабоко зад селото се простира големо мочуриште.