доживотен | прид.

Што трае до крајот на животот. Доживотна казна.

доживоти | прил.

До крајот на животот. Доживоти ќе ти бидам благодарен.

дожнева | несв.

дожнее | св.

Заврши со жнеењето. Аргатите ја дожнаа пченицата.

доза | ж.

Количество лек или друга супстанција што се зема во определен период по рецепт или по потреба. Лекарот ми препиша дневна доза таблети. Едно момче почина од преголема доза хероин.

дозаврти | св.

Заврти до крај нешто што не било добро завртено.

дозакопа | св.

Заврши со закопувањето сосема, закопа нешто што не било добро закопано. Го дозакопав ковчежето што ѕиркаше од под сувите лисја.

дозалепи | св.

Заврши со лепењето сосема, залепи нешто што не било добро залепено. Ги дозалепив фотографиите во албумот за да не се изгубат.

дозамеша | св.

Замеша нешто сосема, до крај.