дождлив | прид.

Што се карактеризира со дожд. Дождлива есен.

дождов | прид.

дождовен | прид.

Што потекнува од дождот, што е дел од него. Дождовни капки.

дождовит | прид.

дождовница | ж.

Дождовна вода. Улиците беа влажни од свежа дождовница. Се мие глава со дождовница.

дождоносен | прид.

Што носи дожд. Дождоносни облаци.

дожегне | св.

безл. ме (те, го ...) Почувствува остра болка, штрекне. Кога се наведнав, ме дожегна некаде во 'рбетот.

дожеже (ми) | св.

безл. Почувствува силна топлина. Наеднаш му дожежа и ги тргна прстите од печката.

доживее | св.

За некого (во животот) или за нешто – дочека некаков настан, нешто да (му) се случи. Доживеал две војни. Романот доживеа три изданија.