дозамрачи се | несв.
Се замрачи сосема, до крај. Се дозамрачи и излеговме од скривницата.
дозаокружи | св.
а) Заврши со заокружувањето, заокружи сѐ. Дозаокружете ги точните одговори и предадете ги тестовите. б) Заокружи до крај. Ја дозаокружи линијата.
дозапали | св.
Запали нешто до крај.
дозапетла | св.
Запетла нешто до крај. Девојката ја дозапетла кошулата.
дозаплетка | св.
Заплетка нешто уште повеќе, до крај. Сакајќи да помогнам, уште толку ја дозаплеткав преѓата. Со твоите неумесни прашања ме дозаплетка.
дозапусти | св.
Запусти нешто до крај. Го прекрои фустанот и го дозапусти.
дозатвори | св.
Затвори нешто сосема. Чуварот ја дозатвори портата.
дозацврсти | св.
Зацврсти нешто сосема, до крај, достегне, доутврди. Домаќинот ја дозацврсти вратата со дрво.
дозбере | несв.
Собира нешто сосема, до последното нешто. Градинарот ги дозбра јаболката од земјата.
дозбори | св.
(дијал.) Заврши со зборување. Дозбори и си тргна кон дома.