дозборува | св.

Заврши со зборувањето. Зборуваше, зборуваше и одвај дозборува.

дозбуни | св.

Збунува сосема, предизвика уште поголема забуна. Ме дозбуни со твоите коментари.

дозвола | ж.

Усна или писмена согласност за нешто, за вршење некоја работа; одобрување. Пилотот побара дозвола за слетување. Без писмена дозвола не можете да влезете на собранието. Доби дозвола од родителите да оди во кино. Возачка дозвола. Дозвола за увоз на стока.

дозволи | св.

Одобри вршење на некоја работа, допушти. Кој ви дозволи да влезете овде? Таа дозволи да ја понижуваат. Еднаш дозволи да го совлада дремката на часот.

доземе | несв.

Земе од нешто уште малку. Доземи уште некоја пара, за в кино.

доземи | прил.

До земјата, до подлошката, ниско. Момчето му се поклони на старецот доземи.

дозима | несв.

дозира | св. и несв.

Определи, определува, даде, дава доза. Неправилно му го дозирате лекот на пациентот.

дознае | св.

Дојде до сознание за нешто, разбере нешто ново, непознато. Од разговорот дознав каде е мојата група. Во Белград дознал за несреќната судбина на својот брат.

дозоба | св.

Заврши со зобањето. Коњот го дозоба овесот.